Реклама
Трендови

Еве зошто за ова ластиче за коса треба да платите 145 евра

Реклама

Еден од најомразените модни додатоци од 90-тите повторно е во мода

„Scrunchie“  односно ластиче за коса од ткаенина се патентирани уште во 1986 година, а се прославија неколку години подоцна. Денес тие повторно се враќаат како еден од омилените додатоци на големите модни куќи. Но бидејќи станува збор за познати брендови, за едно вакво „ластиче“ ќе мора да издвоите половина од просечна плата во Македонија. Меѓу најпопуларните се моделите од Баленсијага направени од јагнешка кожа (бљааак!). Истите покрај тоа што можат да ви послужат за врзување на косата можете да ги носите и како нараквици и (ако се ложите на нив) постојано да ги носите. Но ова дефинитивно нема да им се допадне на оние што НЕ сакаат да носат парчиња од вистинска кожа, нешто што очигледно овој познат бренд се уште нема намера да го направи и да почне да користи само вештачка кожа и крзно, впрочем како што тоа го направија и голем број дизајнерски имиња. 

Маркетинг

Инаку, ако се прашувате зошто за еден „обичен“ стегач за коса треба да издвоите 145 евра, одговорот НЕ лежи во тоа што е направена од убиено животно, туку затоа што на него со големи букви е напишано името на познатиот бренд. А брендираните парчиња секогаш го наоѓаат патот до своите клиенти и никогаш не се евтини, нели?

Маркетинг

Но, ние искрено никогаш не би дале толку пари за нешто вакво. Вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button