Рецепти

Еве како изгледа првото чоколадо направено од розово какао

Advertisement

Кит Кат го претстави својот нов производ

Пред 80 години Нестле го произведе белото чоколадо по што една од најголемите светски производители на чоколадо и какао, компанијата „Barry Callebaut“ претстави чоколадо во розова боја која се добива од природно розово какао семе. Чоколадото тогаш го доби и името Руби, а денес е креиран и производ на база на овие розови чоколади. За тоа е заслужен Нестле, кој во соработката со компанијата „Barry Callebaut“ најави лансирање на нова линија КитКат чоколади кои воедно ќе бидат и првите Руби чоколади произведени од споменатото розово какао. KitKat Chocolatory Sublime Ruby  во моментов е достапно на јапонскиот пазар по што ќе се појави во Јужна Кореја, а новиот КитКат ќе биде достапен онлајн и на територијата на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Швајцарија. 

Advertisement

Вкусот на ова чоколадо е опишан како „интензивно вкусно задоволство“ и „тензија измеѓу вкусот на бобинките и сочната мекост“, а на кој начин истиот ќе биде интегриран во Кит Кат искрено се надеваме дека ќе можеме да откриеме и ние за многу брзо време.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button