Викторија позираше разголена, а во центарот на вниманието беа феноменалните високи потпетици и преслабиот изглед
Викторија Бекам деновиве прославува 10 години постоење на нејзиниот бренд
Познатата дизајнерка се појави на насловната на шпанското издание на познатиот моден магазин Вог. Таа деновиве слави 10 години постоење на својот успешен бренд, а за овој повод сопругата на Дејвид Бекам одлучи да позира во издание на кое изгледа како да е гола, а всушност носи боди во боја на кожа. На една фотографија 43 годишната Викторија носи фустан во црвена боја од 2250 фунти, но најмногу внимание привлекува со чевлите со циркони кои досега можевме да ги видиме како ги носи и во нејзините опуштени, приватни изданија.
Но, нејзината облека остана во сенка на нејзиното преслабо тело поради кое повторно се најде на удар на критиката на јавноста. Имено, Викторија и неодамна беше критикувана од револтираните фанови што својата облека на Инстаграм ја рекламира со преслаби, анорексични манекенки.
https://www.instagram.com/p/BbrrpzDFzEu/?taken-by=victoriabeckham
Но очигледно дека Викторија премногу не се грижи за ваквите критики, бидејќи ова не е прв пат критиките да бидат упатени на нејзина сметка.