Епски одговор на Шерон Стоун во врска со сексуалното вознемирување во Холивуд
Погледнете ја реакцијата на Шерон Стоун по незгодното прашање
Кога водителот Ли Кован ја праша актерката Шерон Стоун дали за време на нејзината 40-годишна кариера била жртва на сексуално вознемирување, сигурно никој не очекуваше смеење во студиото. „Не знам како да ве прашам на фин начин, но дали некогаш сте биле во позиција да се чувствувате непријатно“, ја праша водителот по што следуваше смеење од страна на познатата актерка, а дури потоа нејзиниот одговор:
„Ох, па јас сум во бизнисот веќе 40 години Ли. Можеш ли да го замислиш бизнисот како изгледаше пред 40 години кога јас влегов во него? И тоа со мојот изглед, од никаде, во Пенсилванија? Не бев тука со некој што би ме заштитува. Сé имам видено“, изјави Шерон и продолжи: „Ние сме воспитувани да им угодиме на мажите, посебно мојата генерација. А жените така често го губат својот идентитет поради мажите со кои се. Дури и го менуваат начинот на кој се облекуваат и се што прават, за да се вклопат во моделот на мажот со кој што се“, изјави таа.
{youtube}zNqSvg5qwGw{/youtube}