Нова фризура која е хит на Инстаграм – ја носат сите, а тоа важи и за Македонките!
Нов тренд кој се шири на Инстаграм со брзина на светлината
Станува збор за практичен и крајно едноставен зимски тренд кој може да ви го олесни животот особено ако имате „непослушна“ коса. Всушност не станува збор за фризура, туку за трик со кој ќе изгледате шик, а вашата коса за секунда ќе изгледа многу подобро и постилизирано.
Се што ви е потребно е ролка! Да , добро прочитавте.
Облечете ја вашата омилена блуза со ролка, косата ставете ја во јакната и .. ќе добиете нова шик фризура. Да, нова боб фризира со незауздани прамени кои ѕиркаат и допринесуваат да изгледате уште поубаво! За само две секунди имате сосема нова фризура, а за истата не ви треба ни преса, ни фигаро, па дури ни лак за коса. Само насмевка и добро расположение…
Што мислите вие за оваа фризура?