Стил

Анџелина Џоли повторно во центарот на вниманието поради нејзиниот анорексичен изглед

Advertisement

Познатата актерка во нови all black издание

Advertisement

Анџелина Џоли на „National Board of Review Awards Gala“ во Њујорк се појави во свечен фустан од модната куќа Валентино. Фустанот од познатиот италијански бренд е со прерамки преку кои доаѓа тенок, проѕирен слој од елегантна тантела што паѓа преку целата креација и ракавите, а драматичниот ефект е нагласен со црниот детаљ околу вратот кој изгледа како појдовна точка од која се шири тантелата. Но и покај тоа што гламурозната креација изгледа фантастично и е дело на креативниот директор Пјер Паоло Пазолини кој ја дизајнираше специјално за Анџелина, обожавателите не беа воодушевени од нејзината појава на црвениот килим. Според нив, таа се уште е млада за вакви креации кои допринесуваат да изгледа постаро, изморено и нездраво, а за тоа допринесе и нејзината шминка поради која изгледаше бледо, но и „изморената“ фризура поради која остави впечаток на постара личност.

Што се однесува до нас, ние потполно НЕ се согласуваме со овие коментари, особено не во врска со фустанот. Можеби црвен кармин и коса врзана во пунџа би ја променила целата ситуација, но познатата актерка дефинитивно изгледа прекрасно во овој фустан.

Advertisement

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button