На доделувањето повторно главна тема беше насилството врз жените
По доделувањето на Златниот глобус кога познатите актерки носеа црно за да испратат силна порака дека насилството врз жените не е прифатливо и дека мора да му се стави крај, следуваше „Critics’ Choice Awards“ каде актерките беа облечени во најразлични бои. Водителки на вечерта беа Оливија Мун и Ниси Неш, а тоа што само некои девојки беа во „all black“ издание не значи дека главна тема на вечерта повторно не беше сексуалното насилство над жените. Па така Рејчел Броснахан која ја освои наградата за најдобрата женска улога со филмот „The Marvelous Mrs. Maisel“ во својот говор посети дека и покрај тоа што жените не се дојдени во црно насилството врз нив се уште е топ тема и дека оваа војна за жените е на самиот почеток. Не беше избегната и темата за тоа што актерот Марк Волберг за филмот „All the Money in the World“ заработи 1.5 милиони долари, додека Мишел Вилијамс одвај илјада долари. Оливија Мун се пошегува дека е среќна што за ангажманот како водителка на „Critics’ Choice Awards“ добила пари исто колку и Мишел за филмот, а останатите милион долари симболично ги уплатиле на сметката на Марк.
Но да се вратиме на модата! На синиот килим овој пат преовладуваа фустани речиси во сите бои, а најдобрите погледнете ги во продолжение.
Па, кој од овие фустани ви се допаѓа најмногу?