Кралицата на овие модни додатоци им е верна веќе со години
Кралицата Елизабета II замина во зимската викендичка во дворецот Сандрингам во Норфолк каде со семејството традиционално се собираат за бадник. Британската кралица за таа пригода носеше ефектен капут во виолетова боја, а стајлингот го заокружи со црни чевли и чанта кои ги носи веќе повеќе од половина век. Таа повеќе од 60 години е на чело на британската монархија и за тоа време остана верна на идентичен модел на чевли, шешир, чанта и фризура. Што се донесува до чевлите во прашање се црни мокасини со мала потпетица направени по нејзина мерка од лондонскиот бренд „Anello & Davide“ и кои ги носи речиси во сите формални и неформални пригоди. Моделот чини околу 1000 евра, а со дизајнот многу потсетува на моделот од „Gucci“ кој во последните неколку сезони доминира во стајнлинзите на познатите трендсетерки. Тој некогашен омилен модел на чевли повторно се врати на модната сцена токму благодарение на креативниот директор на Gucci, Алесандро Мишел кој им го врати изгубениот сјај и од минатата година повторно ги направи популарни.
Но она по што се разликува кралицата од нас обичните смртнички е тоа што овие мокасини кои ги има во голем број во својата колекција, и тоа потполно идентични модели, кога се нови секогаш некој од слугите во дворот најпрво ќе ги разгази како кожниот материјал би омекнал и притоа би ја поштедил кралицата од незгодните пликови.
Покрај тоа што со години носи исти чевли, таа му е верна на ист бренд и кога е во прашање нејзината чанта. Станува збор за брендот „Launer“, а во својата колекција има повеќе од 200 модели. Просечната цена изнесува околу 1500 евра, а нејзината омилен модел е „Traviata“. Според извори блиски до кралското семејство кралицата во неа секогаш има мало огледало, кармин, бонбони, очила за читање и пенкало.