Ново беспрекорно издание на кралицата на поп музиката
Кралицата на поп музиката не престанува да не воодушевува со комбинациите што во последно време постојано ги објавува на Инстаграм. Таа деновиве на Инстаграм сподели фотографија на која позира во празнично издание во малку необични, но потполно шик парчиња. Тука првенствено мислиме на белата кул маицата од „Valentino“ за која треба да издвоите 350 долари, а која ја носеше со краток тексас шорц и ултра-тренди блејзер со интересни метални детали како и црвени мрежести високи потпетици со кои го „подигна“ целото издание.
Комбинацијата е инспирирана од ликот Дејзи Дјук од старата популарна серија „The Dukes of Hazzard“ и очигледно многу им се допадна на нејзините обожавателки кои не штедеа зборови посипувајќи ја со бројни комплименти.