Реклама
Стил

Кејт носеше фустан 250 пати поевтин од оној на Меган, а сепак спроед многумина изгледаше поубаво – што мислите вие?

Реклама

Koj фустан ви се допаѓа повеќе?

Бакингемската палата ги објави официјалните фотографии од Принцот Хари и американската актерка Меган Маркл што ги потпишува познатиот фотограф Алекси Лубомирски. И секако, најмногу внимание привлече фустанот што го носеше познатата актерка.

Маркетинг

Станува збор за модел од „Ralph&Russo“ од минатогодишната есенска колекција која чини фрапантни 75.000 долари. За изработката на овој екстравагантен фустан беа потребни повеќе од 3000 часа, а поради превисоката цена во официјалното соопштение од Кесингтонската палатата не заборавија да потенцирааат дека фустанот е купен во приватна режија. Моделот во горниот дел е транспарентен и зачинет со нитни во златна боја, додека долниот се состои од долго здолниште и – за стандардите на британското кралско семејство – исто така може да се смета за мошне провокативен.

Маркетинг

Од друга страна ако се потсетиме на фустанот што го носеше Кејт Мидлтон на нејзината прва официјална фотографија, во 2011 година, ќе забележиме дека таа носеше мнооогу поедноставен и поевтин фустан. Нејзиниот избор тогаш беше кошула-фустан од „Reiss“ кој чинеше само 300 долари . Истиот веднаш беше распродаден, па брендот по некое време повторно понуди сличен модел за потрошувачите, и тоа по цена нешто поголема од 200 долари.

Оваа цена фустанот на војвотката од Кембриџ го прави да биде 250 пати поевтин од оној што го носеше Меган Маркл што е уште еден доказ дека немаат баш идентичен стил како што се мислеше на почетокот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button