Реклама
Стил

Овие чизми ги обожаваат и Македонките – погледнете како ги носи познатата актерка

Реклама

Перфектно издание на познатата актерка

По успешната, но напорна година и многубројните прекрасни изданија на црвениот килим познатата актерка реши малку да се одмори и времето да го помине со своите родители Дон Џонсон и Мелани Грифит во еден ски центар во Колорадо. И благодарение на фотографите коишто ја забележаа ѕвездата од еротскиот трилер „Fifty Shades of Grey“ на аеродромот можевме да видиме уште едно перфектно издание на симпатичната актерка која слободно можеме да ја прогласиме за принцеза на „off duty“ стилот.

Маркетинг

Овој пат во прашање се парчиња кои сите ги имаме во плакарите – фармерки со висок струк, кафеава ролка и црн капут со златни копчиња со кои го заокружи ова шик зимско издание. Но она што најмногу ни се допадна во нејзината комбинација се модните додатоци, односно полудлабоките чизми со леопард дезен како и црвената чанта од Гучи и црните оверсајз очила за сонце со кои на совршен начин ја подигна целата комбинација, но и ни покажа дека е совршен мајстор за спојување на ретро со тренди парчиња.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button