Тие се апсолутни победници меѓу кралските семејства – нивната прекрасна божиќна честитка ги воодушеви сите
Кралските семејства секоја година за новогодишните празници прават поприлично формални семејни портрети.
Но оваа година едно семејство ги изненади сите и ги помести границите со нивните разиграни фотографии на снегот.
Веќе три години по ред шпанското кралско семејство новогодишната честитка ја објавува јавно, а оваа година семејниот портрет на кралицата Летиција и кралот Фелипе VI изгледа малку по0инаку. Имено, на нивната фотографија се и двете преслатки ќеркички, Леонора и Софија.
Слично сценарио избра и најпопуларната монархија. Британските припадници на сината крв, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон на овогодишната божиќна честитка исто така ги вклучија и најмладите.
Сепак, фотографијата на шведското кралско семејство е апсолутен победник. Имено, принцезата Викторија која е следната на ред за круната на Шведска во друштво на својот сопруг принцот Даниел и нивните деца снимија фотографии кои никого не оставија рамнодушен.
На нивните фотографии но и во видеото што следува можете да видите како тие и нивните дечиња безгрижното и весело се маваат со топки, се санкаат, како и нивното заедничко китење на божиќната елка.
https://www.instagram.com/p/Bc2LegyAg9i/