Никој од нејзината генерација не можел да претпостави до каде ќе дотурка нивната поранешна сокласничка Амал Аламудин
И таа како и сите ние има фотографии од младоста, но навистина се сомневаме дека е среќна што истите одвреме–навреме ќе завршат на социјалните мрежи и преку ноќ ќе станат хит. Овој пат во прашање е фотографија од 1996 година кога сопругата на Џорџ Клуни имала само 17 години и била средношколка која сакала д се запише на правен на Оксфорд.
Нејзината желба се оствари, а оние што ја знаат од факултетските денови велат дека не била премногу расположена за студентските забави туку почесто останувала дома и учела за човековите права. Но тоа очигледно и се исплати бидејќи денес важи за една од најпознатите адвокати на светот и тоа токму од областа за човековите права, а воедно го освои и срцето на еден од најпознатите и најпосакуваните актери на денешницата.