Не сите се справуваат исто со неволјата и тешките времиња.
Не сите се справуваат исто со неволјата и тешките времиња. Во продолжение прочитајте како се однесуваат Скорпиите, Стрелците и Јарците кога ќе се најдат во некој таков момент.
Скорпија
Најголемата неволја за Скорпиите е љубовта, па доколку се заљубени, а партнерот прави одредени проблеми, тие тешко излегуваат од неа. Сите други неволји Скорпијата може да ги реши полесно, а кога не реагира не значи дека дека нема решение, туку го бара најдобриот начин за да се извлече. Паралелно ги бара причините за потекнувње на неволјата, а кога ќе ги пронајде, презема сериозни мерки за расчистување.
Стрелец
Кога ќе се најде во неволја, Стрелецот веднаш во својата глава си прави „скица“ која секако ја разгледува од секој аспект. Тој размислува кој би му помогнал најдобро во таквата ситуација и откако ќе одлучи, веднаш ѝ се обраќа на таа личност. Стрелците брзо излегуваат од неволјите и понекогаш изгледаат како да имаат магично стапче со кое ги расчистуваат сите препреки.
Јарец
Нема неволја од која Јарецот не може да излезе, затоа што неговиот мозок функционира совршено, па дури и во кризни ситуации кога самиот треба да биде свој советник и спасител. Тој е подготвен да трпи многу, само не сака никој да моли за услуга, а оние кои ќе му помогнат без да го прашаат, тогаш тој никогаш не ги заборава тие луѓе. Поразот го поднесува со полна сила, па потоа ги чека своите пет минути, кога ќе ги игнорира оние кои му погрешиле и кои го заборавиле во тешките моменти.