Предпразничната еуфорија низ градовите во Македонија е започната – погледнете што се носите во овие моменти!
Низ гардовите во Македонија веќе започнува претпразничната еуфорија
Рестораните и излозите на продавниците го добиваат своето новогодишно руво а низ градовите се погласно се шушка на кои места ќе се случуваат најдобрите забави во периодот што следува. Па бидејќи се е некако во знакот на новогодишните празници, за денес решивме да ви предложиме неколку инспиративни комбинации со кои можете да се прошетате низ град во овој период од годината и сами да ги истражите сте оние места на кои се во тек подготовките за најлудата ноќ во годината, но и кои нудат разно-разни предновогодишни програми кои не би сакале да ги пропуштите. И додека го правите тоа, да ги освоите сите со своите шик модни комбинации на новогодишните и божиќни забави.
Но не заборавајте дека секогаш кога треба да се прошетате низ плоштад или низ чаршијата во центарот на градот во овој период од годината она што е најважно, покрај добриот изглед е секако – да ви биде и топло и пред се удобно. Значи тука нема да зборуваме само за она што ќе го носите во текот на вечерта за Нова година (со фокус на она што можеме да го носиме ако славиме на некој плоштад , односно на отворено) туку и за сите оние пред и потоа моменти, од шопинг па се до пиење чај на некоја позната адреса каде ден пред тоа сте се забавувале до раните утрински часови. Во тој контекст овие девојки што ќе ги видите во галеријата што следува, главен елемент во нивните модни комбинации им се капутите и бундите кои дефинитивно и вас ќе ве загреат додека пиете греано вино со пријателките, па дури и ако тоа го правите на тераса од некое кафуле или пак на отворено, на некој плоштад (можеби ветерот за нова година ќе ве однесе на некоја добра забава на отворено, во некој град, никогаш не се знае нели?).
Шаловите, ракавиците, капите исто така се задолжителни, а како да ги склопите сите коцки од мозаикот и да добиете совршено издание за прошетка и обиколка на најдобрите случувања низ град во овој период од годината, погледнете во продолжение.