Северина веќе го избра својот фустан за најлудата ноќ во годината
Северина во студиото на ХРТ во кое се снимаше новогодишната емисија се појави во одлично новогодишно издание. Имено, познатата хрватска пејачка за емисијата што ќе се дава на најлудата ноќ во годината избра краток фустан со светки кој во преден план го стави нејзиното беспрекорно тело поради кое и многу помлади колешки можат само да и завидуваат. Провокативниот фустан кој сам по себе е впечатлив, атрактивната пејачката го зачини со секси црни сандали додека накитот го сведе на минимум.
https://www.instagram.com/p/Bcfe1uygYfJ/
Инаку, токму светките се еден од најдобрите избори за повој период од годината, особено ако се спремате за забава во ноќен клуб или треба да се појавите на некој свечен настан. Секако тоа не значи дека вашиот фустан мора да биде како на Северина, а ако се одлучите за нешто поедноставна варијанта, проверете каде да купите чевли кои се одлични за оваа намена и да го освежите наједноставниот стајлнг. Или сет со шминки со кој ќе ги нагласите очите и кармин во нијанса со која ќе направите одлична новогодишна шминка (ние ви предлагаме сетот „Happy New Year My Beauty“ од Trgovski.mk кој меѓу другото содржи и сенки за очи со светки во златна или сребрена нијанса, а можете да го порачате по супер цена од тука).
https://www.instagram.com/p/BcfRGpnA86i/
Северина носи кармин во нежна розова нијанса кој совршено се вклопи со нејзиниот стајлинг, па ако веќе почнавте да размислувате како ќе изгледате за новогодишнана ноќ, ова е вистинската насока по која треба да се движите.