Доколку постите, а сакате да ги израдувате своите најблиски, но и себе, оваа торта е еден од најдобрите избори.
Доколку постите, а сакате да ги израдувате своите најблиски, но и себе, оваа торта е еден од најдобрите избори.
Потребни состојки за кората:
– 300 грама кафеав шеќер
– 250 грама посен маргарин
– 300 грама брашно
– 40 грама соино брашно
– 60 грама какао во прав
– половина лажичка екстракт од ванила
– една кесичка прашок за пециво
Потребни состојки за филот:
– 750 милилитри соина павлака
– 450 грама посно црно чоколадо
– 80 грама прав шеќер
– половина лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка: Сите состојки за кората ставете ги во еден сад и направете мазно тесто. Ставете ги во кружен калап обложен со масна хартија и печете во рерна на 180 степени, околу 45 минути. Изладете ја кората и пресечете ја на три дела.
Од соината павлака направете шлаг со миксер. На пареа стопете 400 грама црно чоколадо, додајте 250 грама од шлагот, шеќер, ванила и матете со миксер, а остатокот од шлагот изладете го во фрижидер. Долната кора филувајте ја со течниот крем, ставете ја другата кора и така по ред доека не го потрошите целиот материјал. Од преостанатата чоколада може да направите декорации.