Бела Хадид во издание во какво најчесто ги гледаме и убавите скопјанки, но и со еден детаљ поради што и симнуваме капа
Ги обожаваме „street style“ изданијата на оваа млада дама
Бела Хадид е една од најпознатите манекенки на светот за чиј стил секогаш радо пишуваме. Taa овој пат не воодушеви со типично калифорниски издание со кое се прошета низ Њујорк, а во кое главен збор го имаа фармерките со длабок струк и белата „кроп топ“ маица под која се гледаше нејзиното секси стомаче, додека со деколтето со „V“ изразот ги истакна градите.
Целата комбинација е заокружена со впечатлива бомбер јакна во црвена боја од познатата кинеска модна куќа „Chrisou by Dan“, бели полудлабоки патики и чанта Биркин во сребрена металик нијанса која можеби на прв поглед и не изгледа соодветно, но ако подобро погледнете ќе дојдете до заклучокот дека на еден префинет и перфиден начин се надоврзува на целото ова софистицирано спортско издание на Бела.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Бела?