Институтот „Пантон“ го кажа своето!
Секоја година од 2000-та па наваму, институтот „Пантон“ ја избира најпопуларната боја на годината. И тоа многу пати може да биде боја која можеби не е најпопуларна во моментот, но модната индустрија секогаш се води според нивните насоки, па во 2018 треба сите да бидеме подготвени за трендот со виолетовите нијанси кога е модата во прашање.
https://www.instagram.com/p/BcZ0S1rjVUL/
Точното име на конкретната боја на која што мислат професионалците од „Пантон“ е „Ultra Violet“ која што ја опишаа како драматична, провокативна и мистериозна, истакнувајќи дека е избрана бидејќи евоцира „оригиналност, генијалност и визионерско размислување“.
Но малку да ги поедноставиме работите. Станува збор за нијанса на виолетова која е најблиску до бојата на сливите, но веруваме дека во приодот што ни претстои ќе бидат популарни и други слични нијанси бидејќи веќе знаеме дека и бојата на лаванда ќе биде хит. А тоа во превод значи дека која нијанса и да ја изберете нема да погрешите (особено сега, за време на големите новогодишни и зимски попусти), бидејќи во текот на цела 2018 година, а најверојатно и следната, ќе биде апсолутен хит.
Па погледнете неколку предлози во оваа нијанса:
H&M
H&M
Mango
Mango
Pull & Bear
Stradivarius
Zara
Mango
Mango
Mango
Mango