Реклама
Стил

Сара Џесика Паркер во шик комбинација на која и Кери Бредшо би и завидувала (блејзер од кадифе + шик фустан)

Реклама

Ново беспрекорно издание на познатата актерка

Сара во стилот на нејзиното алтер его Кери Бредшо се појави во фантастично издание на улиците на Њујорк. Таа при посетата на еден ресторан во Градот што никогаш не спие по повод манифестацијата „Hearst 100“ на која се собираат значајни луѓе од светот на медиумите се појави во светкав фустан со волнено здолниште и со должина нешто под колена. Преку фустанот на самиот настан познатата актерка облече маслинесто зелена кошула, а целата комбинација ја зачини со прекрасен блејзер од кадифе во впечатлива виолетова боја и стејтмент сандали со високи потпетици во малку посветла нијанса.

Маркетинг

Што се однесува до нејзината фризура, познатата 52 годишна актерка се уште и е верна на омбре нијансата овој пат зачинета со руси прамени во долгата и по малку виткана коса, додека за очите избра „smokey eyes“ и неутрални тонови на образите и усните.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button