Првата дама на Франција во беспрекорно деловно издание – тесни црни фармерки и фатнастичен капут од Луј Витон
Брижит Макрон повторно во центарот на вниманието на светските медиуми
Но овој пат не поради огромната разлика во годините помеѓу неа и нејзиниот сопруг Емануел Макрон, туку поради нејзиниот извонреден стил. Имено, првата дама н Франција за брзо време се истакна и како вистинска модна икона чиј стил го следат многу жени од целиот свет, па така за секое нејзино модно издание пишуваат најпознатите модни магазини.
И од она што досега го видовме можеме да заклучиме дека таа им е верна на брендовите кои се „made in france“ и на парчињата кои пред се ја следат линијата на телото како што се кратки фустани, хеланки и здолништа и тоа најчесто со потписот на престижните „Louis Vuitton“ и „Balmain“. Овој пат поранешната професорка за вечера што ја организираше нејзиниот сопруг во Гранд Палас за „One Planet Summit“ носеше црни фармерки и црн џемпер под кој носеше фантастичен сатенски блејзер-капут од „Louis Vuitton“.
Во прашање е фрак-капут со впечатлив рококо дезен, кој совршено го зачини ова „all black“ издание на Брижит. Таа целата комбинација ја заокружи со црни чизми до глужд од кои не се одвојува во последните месеци, уредно средена пунџа и минимална шминка со фокус на очите, а се со цел капутот во металик нијанса да биде во преден план.
Па, што велите за ова издание на Брижит?
Генијален трик што го научивме од првата дама на Франција >>