Трујачи на кучиња, што ако отруете некое дете?
Повторно масовни труења на кучиња во Скопје
Овој пат најголем број жртви има во Центар, Карпош, Влае и Аеродром. Несовесни граѓани решиле правдата да ја земат во свои раце па и покрај сите апели на градоначалниците и бројни здруженија, тие им се одмаздуваат на кучињата скитници. Ова лудило настана откако минатата недела еден ротвајлер нападна 9 лица во населбата Ново Лисиче, па несовесните граѓани револтирани решија да го решат проблемот.
Но дали е така?
Отровот Ланте кој најчесто се користи е мошне опасен и од него можат да настрадаат и деца. Отровот и покрај тоа што е забранет може лесно да се набави во земјоделските аптеки, а животното не мора да го изеде туку доволно е и само да го вдише и да биде отруено. Токму затоа и многу лесно можат да настрадаат и кучињата кои што ги шетаат со маски бидејќи доволно е да вдишат од отровот о смртта настанува за само неколку минути.
Проблемот е и тоа што ваквиот отров се расфрла и низ парковите и низ школските дворови. Токму таков е случајот со фрлено месо со отров во школски двор во Карпош 4, а има случка и во градинка во Влае. На овој начин отровот многу лесно може да дојде во допир и со децата, па затоа секој што ќе забележи храна за која се сомнева дека е отров треба да го пројави случајот во институциите, а сторителите ќе бидат казнети.
Истото се однесува и за оние што ќе ги напуштат своите миленици. Жителите во населба Центар веќе добија и свои телефонски броеви на кои ќе можете да ги пријавите несовесните граѓани. (070424685 – Емилија Поповска и 075 437068 – Јулија Малахова).