Овој тренд до вчера го носевме само кога одевме на журки или за празниците, а сега ќе го „фураме“ преку цела година!
Mала промена на модната сцена
Познатата британска дизајнерка Викторија Бекам во својата нова колекција промовира светки од глава до пети, па така нема да се изненадиме ако следната година овој тренд завладее со светот, но и на нашите улици. Таа овој тренд го најави неодамна кога се прошета во „all black“ издание кога комбинацијата ја „подигна“ со чанта и високи потпетици во црвена боја зачинети со светки. Викторија овој тренд го промовира и на Инстаграм објавувајќи парчиња од нејзината последна колекција, па модните гуруа и магазините најавуваат дека овој тренд нема да биде популарен само преку зимските месеци, туку ќе го замени трендот со металик нијансите и најверојатно ќе биде присутен во текот на цела 2018 година.
https://www.instagram.com/p/BcFmhjfFJia/
Од фустани и панталони, до модни додатоци како чанти и чевли– светките веќе се насекаде околу нас и по се изгледа тука и ќе останат и во наредните месеци.
https://www.instagram.com/p/BcFoohsFnFq/