Време е да испробате еден нов, необичен десерт.
Време е да испробате еден нов, необичен десерт.
Потребни состојки:
– 500 милилитри млеко
– 6 лажици шеќер во прав
– 3 жолчки
– 3 лажици густин
– малку сол
– 30 грама путер
– 1 лажичка течен екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Во еден сад ставете 450 милилитри млеко и 3 лажици шеќер и почекајте да зоврие, па тргнете го од оган. Преостанатиот шеќер во прав изматете го со жолчките, па потоа додајте го преостанатото млеко и густин. Добро измешајте и трудете се да не останат мали грутки. Ставете малку сол. Добиената мешавина додајте ја во загреаното млеко и варете на среден оган, непрекинато мешајќи додека пудингот не стане погуст. Додајте ванила и путер и добро промешајте. Додајте го пудингот во чаши за послужуување. Дополнително можете да го украсите со чоколадо или овошје по желба.