Рецепти

Посна баница – одличен појадок за вашите најмили

Реклама
Реклама

Денес ви прикажуваме уште еден посен рецепт кој можете да го испробате овој период.

1 banica

Денес ви прикажуваме уште еден посен рецепт кој можете да го испробате овој период. За подготовка на оваа посна баница потребно ви е:

Маркетинг

– 800 грама кори

– 1 килограм кисела зелка

Маркетинг

– 1 шолја масло

– 1 шолја кисела вода

– бибер по желба

Начин на подготовка:

Одвојте ги листовите зелка и ситно исечкајте ги. Тивко попржете ги на масло повремено додавајќи по малку вода, додека смесата не стане доволно мека. Ставете бибер по желба. Потоа ставете ја првата кора во плех за печење, па ставете малку масло. Врз кората рамномерно нанесете од киселата зелка и така редете ги една врз друга. Кога ќе ја истрошите целата смеса, покријте ја баницата со празна кора и направете мали дупчиња со помош на вилушка. Потоа прелијте ја со киселата вода и малку масло, па ставете ја да се пече околу десетина минути на претходно загреана рерна на 220 степени. Потоа намалете ја температурата на 200 степени па печете уште дваесетина минути. Служете ја топла.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button