Рецепти

Посна торта со нес кафе која се топи во уста

Реклама
Реклама

Дали сте пробале торта со нес кафе?

1 torta

Дали сте пробале торта со нес кафе? Ако не, тогаш ова е вистинско време да го пробате овој неверојатен рецепт.

Маркетинг

Потребни состојки за кората:

– 100 грама шеќер

Маркетинг

– 100 грама посен маргарин

– 100 милилитри вода

– 1 кесичка нес кафе

– 300 грама брашно

– половина кесичка прашок за пециво

Потребни состојки за филот:

– 700 милилитри вода

– 200 грама шеќер

– 4 кесички нес кафе

– 7 лажици густин

– 250 грама посен маргарин

– 300 грама посен шлаг

– кисела вода (по потреба)

Начин на подготовка: 

Најпрво изматете 100 грама шеќер и 100 грама маргарин. Во 100 милилитри вода ставете ја едната кесичка нес кафе. Соединете ги брашното и прашокот за пециво. Потоа соединете ги сите состојки и замесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела и секој дел ставете го на хартија за печење, а потоа ставете го во сад и сите три дела печете ги околу десетина минути на температура од 220 степени. За подготовка на филот помешајте 600 милилитри вода со 200 грама шеќер и 4 кесички нес кафе, па потоа ставете ги на оган.

Потоа измешајте 100 милилитри вода и 7 лажици густин, па додајте ги во зовриената вода, па ќе добиете фил. Посебно измешајте го маргаринот и соединете го со веќе изладениот фил. Шлагот изматете го со кисела вода, па потоа тортата направете ја така што ќе ставите најпрво кора, потоа фил, па шлаг, па ова повторете го уште два пати. Украсете ја тортата по ваша желба и уживајте со вашите најмили!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button