Нејзиниот стил е актуелен и денес
Лејди Ди секогаш изгледаше беспрекорно, а некои детали во нејзините женствени комбинации ги забележуваме дури денес. Ги обожаваше здолништата со добар крој и деталите, како и кратката коса, а многу детали од комбинациите што можеме да ги видиме на следниве фотографии се актуелни и денес. Прва го прекрши правилото, односно кралскиот протокол дека не смее да носи облека од странски дизајнер, а и прва покажа како изгледа една принцеза во опуштено издание. Но и меѓу првите носеше некои трендови кои можеби тогаш не ги забележувавме, но и ден-денес се актуелни и можеме да ги применуваме сите.
Бисери и гол грб за неодолив дамски изглед
И Дајана ги сакаше бисерите кои на секоја комбинација и даваат свечен ефект, но ги носеше малку поразлично од сите останати дами од кралскиот двор, а не ретко ги користеше и како совршен, впечатлив детаљ на гол грб.
Ајлајнер и маскара ви сина нијанса
Маскара, ајлајнер или сенка во сина нијанса – свето бјути тројство што секогаш совршено стоеше на нејзиното лице, а кое е хит и денес.
Хулахопки во боја
Принцезата Дајана не носеше само хулахопки во црна и кафеава нијанса, туку редовно експериментираше и со останатите нијанси.
На следната страна погледнете уште неколку нејзини интересни комбинации >>