И додека ние, во Скопје и Битола се гушиме и смрзнуваме на другиот крај од светот жените се шетаат во костими за капење од кои може да ви застане здивот!
И на Инстаграм ништо ново
Каја Гербер
Додека ние се гушиме во загадениот воздух и чекаме новиот градоначалник да ја инсталира револуционерната кула (што и да значи тоа по ѓаволите!) најпознатите манекенки на светот провоцираат со своите (нај)атрактивни изданија на социјалните мрежи. И додека ние го очекуваме првиот снег, но и се надеваме дека нема да настане вистинска бура поради апсењето на видни актери и уметници (кои рака на срце, сами си пукаа во нога!) Емили Ратајковски, Бела Хадид, и многу други познати и помалку познати убавици уживаат на некои од најубавите и најегзотичните плажи на светот кои се хит токму во овој дел од годината.
Бела Хадид
Па, ако се уште не ви застанал здивот поради загадениот воздух или пак не сте смрзнале бидејќи нема парно (а го плаќате!), погледнете ги овие фотографии. Искрено се надеваме дека ќе внесат барем малку свежина во вашите домови и ќе ви го разубават денот.
Емили Ратајковски
Во спротивно не знаеме како да ви помогнеме …