Реклама
Шопинг

Треба да одите на предновогодишна забава со колегите од работа, а НЕ знаете што да облечете? Еве ви одлични предлози!

Реклама

Неколку совети кои ќе ни помогнат да изгледаме шик на предновогодишната забава 

Пред нас се Новогодишните и Божиќните празници кога покрај опуштените дружења во кругот на семејството и пријателите, и лудите и незаборавни новогодишни забави за кои не постојат модни правила, ќе треба да се појавиме и на неколку забави со нашите колеги и шефови од работа, када сепак постои и одреден „dress code“ кој треба да го почитуваме.

Маркетинг

Во таквите пригоди најчесто избираме едноставни деловни комбинации со малку новогодишен сјај или женствени фустани и комбинезони како совршени модни класици кои заедно со неколку свечени, но внимателно избрани модни додатоци можат многу да помогнат да изгледаме совршено и притоа повторно да се држиме до модните правила.

Маркетинг

Можете да изберете мал црн фустан, но и едноставен црн комбинезон кој во комбинација со децентен накит и црвен кармин ќе направи да изгледате отмено и свечено. Доколку пак настанот се случува непосредно по работното време, најдобро е да изберете фино плетиво и здолниште со средна должина зачинето со светки или некој металик ефект. Нема да погрешите и ако се одлучите за класични деловни панталони и тренди, новогодишен топ кој може да биде блуза зачинета со карнери, тантела или панделка околу вратот.

Или пак изберете децентентен топ со тенки прерамки од свила или кадифе со кој ќе го украсите и „подигнете“ секое деловно издание.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ

& Other Stories

& Other Stories

Esmara by Heidi Klum

Esmara by Heidi Klum

Esmara by Heidi Klum

Esmara by Heidi Klum

Giancarlo Paoli

Massimo Dutti

Max Mara

Rouje

Uterque

Weekend Max Mara

Uterque

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button