Таа важи за една од најпознатите модни икони на светот
Но и покрај тоа што во плакарите поседува најскапите парчиња од најпознатите светски дизајнери, војвотката од Кембриџ не ретко можеме да ја видиме како ги рециклира своите стајлинзи кои веќе ги има носено. Таа деновиве повторно се појави во чизмите кои ги носеше и во претходните сезони, а кои верувале или не, во плакарите ги има од пред 13 години. Имено станува збор за модел од „Penelope Chivers“ кој чини 530 евра и кој Кејт го носеше и во дамнешната 2004 годинана. Таа овој пат при посетата на основното училиште Робин Худ во Лондон ги носеше во комбинација со едноставни црни скини фармерки, црна ролка, но и јакна од брендот „Barbour“ која ја носеше неколку пати и во 2013 година.
Но, токму затоа и жените од целиот свет ја обожаваат.
Браво!