На интернет се појавија фотографии од првата свадба на Меган Маркл –принцезата носеше оскудни бикини наместо венчаница!
Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат следната пролет
Но малку е познато дека Меган зад себе веќе има еден пропаднат брак. Имено познатата актерка се омажи во 2011 година за 8 години постариот продуцент Тревор Енгелсон со кој беше во врска од 2004. Тие се разделија во 2013 година, а нивниот брак траеше помалку од две години. Тоа беше и една од причините поради кои членовите на кралското семејство на почетокот се противеа на врската помеѓу неа и принцот Хари. Меган и нејзиниот поранешен сопруг Тревор свадбената церемонија ја направија на Јамајка. Таа иако на почетокот се појави во венчаница, подоцна на забавата се забавуваше во оскудни жолти бикини, а фотографиите деновиве, поради нејзината свршувачка со принцот, повторно се во центарот на вниманието.
Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на кралицата за ова…