Меланија му објави војна на еден од најпознатите модни магазини
Познатиот магазин „Vanity Fair“ неодамна објави вест во која тврдеше дека Меланија Трамп всушност никогаш не сакала да стане прва дама и дека не ја сака таа титула. Но не помина многу време, а службата за односи со јавноста од Белата куќа ги демантираше таквите наводи. „Дел од либералните медиуми, овој пат ’Vanity Fair’ објави приказна која е полна со лажни наводи и анонимни извори. Навистина е срамно еден магазин за жени и понатаму да пишува невистини и лажни приказни чија цел е да ја понижат госпоѓата Трамп наместо да се фокусираат на она доброто што го прави таа како прва дама, но и како мајка. Повеќе пати е нагласено, таа се гордее и и преставува чест што ја носи оваа титула“, пишува во изјавата на портпаролот на Меланија.
Во текстот, според ПР тимот на Меланија, се изнесуваат премногу невистини поврзани со првата дама па и самиот Доналд Трамп застана во одбрана на својата сопруга и преку својот налог на Твитер изјави дека таа навистина ја сака својата улога на прва дама.