Дали сте знаеле дека постењето може да преставува операција во која наместо нож користите техника која е подобра од било каков хирург?
Да лечењето со постот е многу посуптилно од лечењето на било каков хирург – тоа го чува она што е здраво, а го отстранува она што е болно. Кога некој пости секој ден долготрајно се штеди и го обновува секој орган во телото. Тој особено е добар за здравјето на органите за варење, а влијае добро и на квалитетот на крвта, која е основа за здравјето на луѓето.
Уште при крајот на 19 век луѓето го проучувале делувањето на постот на човечкото здравје. Тогаш е откриено дека тоа е состојба кога организмот е принуден да ги користи сопствените резерви. Според истражувањата се покажало дека главниот двигател на чувството за глад е самит центар за глад. Доколку не јадете, организмот почнува да ги троши внатрешните резерви, при што најмалку се зима од нервното ткиво, срцето и останатите органи – организмот ги користи прво заболените ткива, туморите, цистите, израстоците и слично. А токму тоа е и она што не му припаѓа на организмот и што треба да се ифрли од него.
Експериментите покажаа дека количината на резервите што организмот може да ги користи за време на пост е толку што може да оди до потполна исцрпеност, односно од 40 до 50 отсто од тежината на човекот. Токму затоа лечењето со постот претставува внатрешна операција без нож, при што неговата природа е многу посуптилна од било каков хирург – таа го чува она што е здраво, а го отстранува она што е болно.
За време на постот телесната тежина се намалува
Најголемо намалување на килограмите се забележува во првиот период од постот, потоа постепени се намалува, а колку е организмот помлад, намалувањето е поголемо. Истражувањата покажаа дека пациентите што боледуваат од анемија, со недостаток на црвени крвни зрнца или со зголемување на бели, обично добро се лечат со пост. Особено е воочлив ефектот на подмладување на кожата – острите линии и брчки стануваат помалку впечатливи, кожата се подмладува, добива убава воја и сјај, а се подобрува и структурата на самото ткиво.
Додека постите функционирањето на сите ваши органи се намалува, организмот практично се одмора, а резервите се надокнадуваат со внатрешна енергија, Стомакот мирува, крвотокот правилно се распоредува, а мозокот работи логички – приливот на мислите е нормален, резонирањето – бистро. Страста се смирува, нагоните го отстапуваат местото на разумот, така што сега разумот управува со вашите емоции.
За време на постот губењето на тежината на поедини органи и ткивото во проценти изгледа вака: маснотии 97%, слезина (60%), црн дроб (53,7 %), мускулите (30%), крв (26%), бубрези (25%), кожа (20,6%), црева (18%), бели дробови (17,7 %), коски (13,9), нервен систем (3,9%) и срце (3,6 %)