Прво се појави на најзначајната ревија во годината, а потоа го сруши Интернетот со ова провокативно издание
На Бела Хадид оваа година и беше мошне успешна
Таа имаше значајно место на ревијата на Викторијас Сикрет во Шангај на која настапи по спектаклот во Париз, а деновиве ги изненади сите со една фотографија која што ја објави на социјалните мрежи.
Имено познатата манекенка позира во бели бикини во мошне провокативна поза, а многумина коментираа дека тоа е поздрав за нејзиното поранешно момче реперот The Weekend.
Но прашање е дали врската со реперот е минато бидејќи Бела по ревијата во Шангај прими голем букет цвеќе од поранешниот љубовник кој и неодамна беше виден како се мота околу нејзиниот апартман во Њујорк. Нивната врска траеше од почетокот на 2015 до ноември 2016, но по се изгледа и при крајот на 2017 ќе гледаме продолжение.
Фотографијата што можете да ја видите тука секако дека не е единственото провокативно издание на познатата манекенка која во последно време се почесто ја гледаме во пози со кои ги воодушевува нејзините обожаватели на Инстаграм.