Отидете до најблиската продавница и снабдете се со вкусни есенски намирници кои благотворно влијаат на вашето здравје.
Отидете до најблиската продавница и снабдете се со вкусни есенски намирници кои благотворно влијаат на вашето здравје. Еве кои намирници го забрзуваат метаболизмот и се ваши пријатели во борбата против вишокот килограми.
1. Цимет
Во оваа годишна доба циметот станува многу популарен во сезонските пијалаци и многубројни јадења. Истражувањата покажуваат дека овој супер зачин го забрзува метаболизмот и воспоставува рамнотежа на нивото на шеќер во крвта. Ако сакате да стопите некој вишок килограм, тогаш додајте си една полна лажица во своето утринско кафе.
2. Круши
Во текот на есента, но и зимскиот период, на располагање ви се повеќе видови круши. Имено, станува збор за многу здраво овошје кое, покрај јаболкото, содржи многу пектин. Овие влакн го поттикнуваат варењето, помагаат во намалувањето на лошиот холестерол и имаат позитивно влијание на слабеењето. Истовремено станува збор за многу слатко овошје!
3. Црно чоколадо
Според одредени истражувања, црното чоколадо побавно се вари, подолго време ве држи заситени, па со тоа е ваш пријател против слабеењето. Клучно е да бидете умерени во неговото консумирање.