Денес ви прикажуваме неколку намирници кои дополнително ќе ви помогнат во основната хигиена.
Денес ви прикажуваме неколку намирници кои дополнително ќе ви помогнат во основната хигиена. Освен што ги чистат забите, тие обезбедуваат и пријатен здив. Погледнете за кои намирници станува збор.
1. Свежо нане
Со причина свежото нане се наоѓа во пастите за заби и во водите за измивање на усната шуплина. Оваа билка има противвоспалително дејство, па е идеална за вашиот здив. Консумирајте ја во салати, а во овие зимски денови препорачливо е да пиете и чај од нане.
2. Сирење
Тврдите и полномасни сирења се добри за зајакнување на забите, како и за првенција од кариес. Млечната киселина во сирењето е особено погодна за здравјето на вашите заби.
3. Ананас
Свежиот ананас е најдобар избор за десерт, затоа што содржи состојки кои имаат противвоспалителни и антибактеристки дејства.