Реклама
Нега и здравје

Неколку природни состојки кои никогаш не би требало да ги ставате на лицето

Реклама

Не мора да значи дека сите природни работи се погодни за вашата кожа.

1 sostojki

Не мора да значи дека сите природни работи се погодни за вашата кожа. Време е некои куќни рецепти да ги отфрлите засекогаш.

Маркетинг

1. Сок од лимон

Можеби сте слушнале дека сокот од лимон слободно можете да го користите како тонер, третман против акни или за отстранување на темните дамки од кожата. Но, време е да престанете. „Лимонот е киселина која може да ја промени pH вредноста на кожата, да го уништи заштитниот слој, да го олесне воспалението и иритацијата, па и да создаде дамки“, вели доктор Мона Хогар, дерматолог.

Маркетинг

2. Алкохол

Ако вашата кожа е масна или е мешан тип, тогаш најверојатно мислите дека триењето со алкохол е совршено решение за чиста кожа. Сепак, се покажува дека алкохолот е премногу агресивен за лицето. Со него ја оставате кожата слаба и склона кон воспаленија.

3. Сода бикарбона

Можеби имате слушнато за фантастичната мешавина на сода бикарбона и мед, како совршен борец против акни. Но, време е да заборавите и на овој куќен рецепт. Содата бикарбона ја менува pH вредноста на кожата и дополнително би можеле да ја оштетите, оставајќи ја отворена за бактери и останати нечистотии.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button