Кој вели дека дамите од кралскиот двор не треба да носат кратко? Погледнете го ова секси издание на шпанската кралица
Шпанската кралица Летиција беше гостинка на 34 доделување на новинарските награди кое деновиве се одржаа во Мадрид.
Поранешната новинарка која денес е кралица ги помести модните граници кога се во прашање дамите од кралскиот двор. За нејзиниот стил се смета дека е многу посмел и поавангарден од оној на Кејт Мидлтон, а не ретко се случува со провокативни комбинации да ги вознемират кралските духови. Тоа се случи и овој пат кога на настанот се појави во минијатурен двобоен фустан со должина над колената со кои ги остави сите без зборови. Во прашање е ретро креација со потписот на шпанската дизајнерка Тереса Хелбик што датира од 2008-та, а целата комбинација ја заокружи водејќи се според правило „помалку е повеќе“. Имено, таа носеше мала плико чанта со потписот на Фелипе Варела и салонки од Прада.
Па, што велите за ова издание на кралицата?