Цвеклото е здрава и хранлива намирница.
Цвеклото е здрава и хранлива намирница. Денес ви откриваме и дека особено е корисна и за вашата убавина.
Тоник од цвекло за подмладување
Свежо цедениот сок од цвекло содржи нутриенти кои магично делуваа на кожата. Тие делуваа противвоспалително, па ја спречуваат појавата на акни, а одличен е и за хидратација. Се препорачува навечер да нанесете свежо цеден сок од цвекло на лицето, па да го измиете после две минути.
Сокот од цвекло би требало да го пиете редовно, но не од продавница, туку свежо цеден сок, а истиот можете да го комбинирате и со сок од јаболка. Сокот од цвекло е богат и со протеини, калиум, фосфор, калциум и витамини Б и Ц, а сите овие ја подобруваат циркулацијата и го поттикнуваат растот на косата. Со него можете да го решите и проблемот со првут, сува или масна коса.