Џенифер Лопез обожава високи потпетици
И токму затоа многу ретко ха гледаме во рамни обувки.
Познатата 48-годишна дива, ако не го земеме во предвид одењето во теретана, многу ретко можеме да ја видиме без високи потпетици. Тоа е така најверојатно затоа што е висока само 165 сантиметри. Но овој пат височината не ја спречи да се појави на сетот на филмот „Second Act“, кој се снима во Њујорк, со нејзината најдобра пријателка Леа Ремини, и тоа со рамни чизми (UGG) кои ги комбинираше со елегантен капут во боја на вино.
Нешто подоцна се појави во истата комбинација но наместо капутот носеше јакна со пердуви зачинета со крзно, а потоа повторно можевме да ја видиме во капутот, но и во елегантни црни високи потпетици.
Па, во кое од овие три изданија пејачката ви се допаѓа најмногу?