Постои едно непишано правило на свадба никој да не носи бело освен невестата!
Но тоа не е единствената грешка што ја прават жените
Навистина НЕ е пристојно ниту пак е во ред да носите иста боја со која можете да ја засените главната ѕвезда на настанот кој воедно е преставува и нејзиниот најубав ден во животот. Тука мислиме и на сите останати нијанси во кои невестите би можеле да ја изберат својата венчаница, а покрај белата, тоа најчесто се светлите розови и нежните беж нијанси, па дури и светлосината која исто така е популарна во последно време.
За деколтеа и високи прорези или прекратки фустани и не треба да зборуваме, но некои жени сметаат дека само голите деколтеа се забранети. Имено и потполно голиот грб не е примерен за овој важен ден, а треба да бидете внимателни и со фустаните кои имаат проѕирни делови бидејќи и тие можат да бидат мошне проблематични и да изгледаат претерано.
Што се однесува до претставниците на посилниот пол тие треба да внимаваат да не бидат облечени премногу лежерно – навистина нема смисла да се појавите во фармерки на еден ваков настан, нели?