Еве каде во Скопје ќе ги најдете најдобрите „Teddy Bear“ капути кои се хит на Инстаграм
Најдобрите верзии кои можат да се најдат низ продавниците во Македонија
Таканаречените „Teddy Bear“ капути веќе неколку сезони ги освојуваат трендсетерките од целиот свет – како поради својот неодолив изглед така и поради тоа што преставуваат една од потоплите опции за најстудениот период во годината. И додека досега најчесто ги гледавме во беж и кафеави нијанси оваа сезона во мода се разни бои со кои без проблем ќе можете да го разбиете сивилото и тмурните денови кои се пред нас.
Постојат многу верзии, а ние пронајдовме одлични два модели во продавниците на Зара – и тоа еден во нежна пастелно сина боја и друг во длабока бургунди нијанса на која никој не може да остане рамнодушен. Можете да ги порачате онлајн или да ги купите во продавниците на овој познат шпански бренд, а нивната цена е 4590 денари.
Па, кој од овие два модели ви се допаѓа повеќе?
Погледнете ги и останатите модели од најдобрите брендови во Македонија …
види повеќе » |