Дали знаете зошто косата повеќе опаѓа во зимскиот период?
Сигурно досега сте забележале дека косата повеќе ви опаѓа во зимскиот период, но дали сте знаеле дека само еден фактор влијае на тоа?
Сигурно имате забележано дека косата повеќе ви паѓа во зимскиот период, а само еден фактор влијае на тоа. Имено, нашата коса во летниот период изгледа побујна, поубава и повеќе расте, затоа што светлината го активира хормонот на раст. Со оглед на тоа дека во зимскиот период имаме помалку светлина, тогаш и лачењето на овој хормон е позабавено. Опаѓањето на косата би можело да трае само во ладниот период во годината, а доколку косата ви опаѓа и по тој период, тогаш би требало да посетите лекар, затоа што проблемот може да биде значително поголем. Во такви случаи во прашање може да биде нешто посериозно, како хормонски дисбаланс, болести на штитната жлезда, недостаток на одредени витамини, вишок витамин А, но и зголемен стрес.