Реклама
Стил

Кој изгледа подобро – сестрите Хадид или нивната мајка?

Реклама

Сексапилот на семејството Хадид

Џиџи Хадид освои една од наградите на доделувањето „Women Of The Year Awards“ што го организира магазинот „Glamour“ во Њујорк. Со неа беше нејзината сестра Бела која веќе ја носи титулата модел на годината за овој магазин и нивната мајка Јоланда.

Маркетинг

Џиџи на црвениот килим се појави во сребрен фустан од Зухаир Мурад кој го носеше со високи потпетици од Кристијан Лобутин, додека нејзината сестра Бела се појави во „палацо“ панталони, бело сако и сребрен металик корсет, а целата комбинација ја зачини со високо коњско опавче и сребрен накит, обетки и нараквици кои се во склад со чевлите зачинети со дијаманти.

Маркетинг

Нивната мајка 53 годишната Јоланда изгледаше одлично како и нејзините ќерки во црн долг фустан со долг прорез на деколтето.

Со нив беше и братот на познатите сестри, Енвар Хадид.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button