Според многумина оваа дама е единствената во Белата куќа која што со својот стил и изглед може да и парира на Меланија Трамп
Станува збор за Хоуп Хикс, новата директорка за комуникации на Белата куќа која важи за бринета која исто така држи до својот стил, а со своите елегантни модни комбинации го задоволува политичкиот дрес код но и успева да го привлече вниманието на љубителките на модата од целиот свет.
Таа при заедничката посета со Доналд и Меланија Трамп во Јапонија се појави со црно сако, бела кошула и црна лежерно заврзана панделка и го предизвика вниманието на сите. Според оние што ја познаваат станува збор за вистински професионалец, која секогаш е расположена и пријатно настроена. Сепак, на овој настан и Меланија изгледаше прекрасно. За разлика од Хоуп таа погледите ги мамеше со раскошен црвен фустан
Инаку, Хоуп исто како и Меланија во својата младост се занимавала со манекенство, а своите пет минути ги доживува кога ја започнува соработката со едно од најголемите имиња во светот на модата – модната куќа Ралф Лорен.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?