Реклама
Стил

Три феноменални модни изданија на Меланија Трамп

Реклама

Модните магазини од целиот свет пишуваат за Меланија

Првата дама на Америка не престанува да не воодушевува со нејзините прекрасни модни комбинации што ги носеше за време на азиската турнеја на која што го придружува нејзиниот сопруг и претседател на Америка, Доналд Трамп.

Маркетинг

Таа при посетата на Кина се појави во црн фустан со должина до подот зачинет со раскошен вез со цветови, а кој го носеше во комбинација со рамни обувки и дискретна шминка.

Маркетинг

Прекрасната Меланија не воодушеви и со комбинацијата што ја носеше за време на посетата на Зоолошката градина во Пекинг каде што беше со првата дама на Кина. Таа за оваа пригода носеше црна блуза, преубаво длабоко сиво здолниште со детали од тантела и скапоцен црн капут, а целата комбинација ја зачини со елегантни балетанки. 

Сите беа воодушевени од ова беспрекорно дамско издание на Меланија, но кога вечерта се појави на настанот „Great Hall of the people“ ги остави без зборови и најголемите критичари на нејзиниот стил. Имено, таа за оваа пригода се појави во кимоно долго до подот зачинето со традиционални кинески шари и розови крзнени детали на ракавите, а целата комбинација дополнително ја „подигна“ со елегантни високи потпетици во розова боја.

Па кое од овие три изданија на Меланија ви се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button