Промената на временските услови, во комбинација со работните обврски и стресот, може да го ослабнат имунитетот.
Промената на временските услови, во комбинација со работните обврски и стресот, може да го ослабнат имунитетот. За да го зајакнете истиот, испробајте го овој едноставен, а чудотворен пијалак со кој ќе ги спречите есенските вируси и настинки. За негова подготовка не ви е потребен ниту соковник ниту пак некој случен уред. Освен што е богат со витамин Ц, антиоксиданси, ги уништува вирусите и дава енергија, овој пијалак е и одличен во борбата против главоболка или болки во желудникот. Овој пијалак има антибактериско дејство, а еве како да го подготвите истиот.
Потребни состојки:
– Половина чаша сок од цеден портокал
– Изрендан ѓумбир (со големина од околу еден сантиметар)
– 2 лажици мед
– Малку куркума
Сите состојки ставете ги во сад и добро промешајте. Пијалакот е готов за консумирање!