Стил

Кејт и природно е убава, а со трудничкиот стомак во овој фустан едноставно е неодолива

Advertisement

Кејт Мидлтон ги остави сите без здив

Advertisement

Кејт Мидлтон се поретко можеме да ја видиме во јавноста откако од кралскиот двор и официјално беше соопштено дека по трет пат е бремена. Причина за тоа беа нејзините чести мачнини со кои се бореше и во првите две бремености. Сепак, кога станува збор за настани од хуманитарен карактер, војвотката од Кембриџ не се откажува од своите обврски, а така беше и овој пат кога се појави во прекрасен црн фустан зачинет со тантела.

Фустанот ја следи линијата на нејзиното тело така што до израз посебно доаѓа нејзиниот труднички стомак. Креацијата е долга и гламурозна, со ракави од црна раскошна тантела, а Кејт ја носеше во комбинација со впечатливи нараквица и обетки, додека целата комбинација ја заокружи со децентна шминка и нејзината преубава фризура.

Advertisement

Па, дали ви се допаѓа Кејт во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button