Необична модна комбинација но и непристојна порака со која познатата американска пејачка ја шокираше целокупната светска јавност
Кристина Агилера непријатно ги изненади сите кога на еден настан се појави во оваа необична комбинација. Имено таа носеше тренерки од кадифе, тиркизна бунда и црна маица со изразито непристоен натпис со кој навреди многумина. Нејзините обожаватели посебно беа бесни затоа што пејачката е пример на многу млади девојки…
Но подоцна се дозна дека непристојниот натпис е порака за продуцентот Харви Вајнстајн како и за актерот Кевин Спејси кои неодамна се најдоа во центарот на вниманието поради скандалите поврзани со сексуално вознемирување на своите колеги и колешки.
Само да потсетиме, откако „Њујорк тајмс“ го објави шокантниот извештај за „непристојните“ постапки на Харви Вајнстајн досега околу 40 актерки го обвинија овој познат холивудски продуцент за силување и сексуално вознемирување. Харви кој сега медиумите го нарекуваат „холивудскиот манијак“ најчесто злоставувал млади актерки на почетокот од кариерата, а скандалот се случи откако некои од нив решија да ги споделат непријатните животни приказни со медиумите. Од друга страна пак, главниот протагонист во серијата „Куќа од карти“, Кевин Спејси е обвинет од актерот Ентони Рап дека сексуално го вознемирувал и тоа кога овој имал само 14 години. По ова следуваше признавањето на Кевин дека е геј, но и дека не се сеќава на споменатиот настан како и тоа дека жали ако навистина се случил.