Стил

Поранешната сопруга на Бред Пит заборави да облече градник, а се погласно се шушка и дека има ново момче (фото)

Advertisement

Познатата актерка повторно во центарот на вниманието

Advertisement

Анџелина Џоли изгледаше сензационално во долгиот сребрен фустан на преклопување што го носеше на црвениот килим на доделувањето на Холивудските филмски награди. Таа гламурозната комбинација ја надополни со минималистички обетки и блескава огрлица, а својата безвременска убавина ја зачини со кармин во впечатлива црвена боја. Но она поради што привлече најмногу внимание е тоа што му се поклони на трендот кој веќе некое време го фураат многу познати холивудски дами. Имено елегантниот фустан познатата актерка го носеше без градник оставајќи ги нејзините брадавици лежерно да се оцртуваат на нежниот материјал. А бидејќи на овој провокативен тренд му се приклучи и таа, нема да се изненадиме ако наскоро комбинациите без градници станат вообичаен дрес код за црвениот килим.

Инаку, во последно време се погласно се шишка дека Анџелина се вљубила во познат британски бизнисмен чиј идентитет се уште е непознат и дека наскоро повторно ќе застане пред олтарот. А ако судиме според нејзините последни модни изданија и позитивната енергија со која што зрачи во последно време, воопшто не ни е тешко да поверуваме во овие гласини за кои извор близок до актерката тврди дека нејзиниот поранешен сопруг нема поим.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button